Можеби Џастин Бибер сакаше да покаже што поседува и тој, откако светот полуде по голите фотографии на актерот Орландо Блум, но што и да е приказната зад тоа, заклучокот е дека пејачот беше фатен гол на Хаваите!
Имено, покрај него беше неговата наводна девојка, манекенката Сахара Реј, која исто така се соблече топлес.
Сето ова се случи само неколку дена откако беа објавени голите фотографии од неговиот ривал Орландо Блум, кој се соблече додека беше на одмор со девојката Кети Пери.
Социјалните мрежи се вжештија од коментари, а девојките сигурно се пресреќни што ова конечно е нивна недела – двајца голи славни мажи во една недела.