Во текот на минатава година често се говореше во медиумите за проблемите во бракот меѓу поп ѕвездата Елена Ристеска и нејзинот, сега бивши, сопруг Бојан Ивановски.
Откако Елена го смени презимето на нејзинот официјален профил, јасно беше дека пукнала тиквата меѓу нив. Ваквите ситуации се составен дел од животот и нормално е луѓето да продолжат по други патишта.
Прв чекор во брачните води прави нејзиниот поранешен сопруг Бојан, кој на социјалните медиуми ја објави својата свршувачка.