Бизнисменката, телевизиска личност, модел, актерка и пејачка Парис Хилтон се сврши. Нејзиниот свршеник, моделот и актер Крис Зилка, дал свршенички прстен вреден 2 милиони долари.
Убавата вест таа ја сподели на својот профил на Instagram, споделувајќи нивна заедничка фотографија.
Триесет и две годишниот Зилка го поставил судбоносното прашање пред Парис Хилтон во Колорадо, Аспен, додека биле на скијање за викенд. Тој на падините на планината клекнал на колена, а возбудената Парис веднаш одговорила „да“, прегрнувајќи го и бакнувајќи го.
Огромниот дијамантски прстен од 20 карати што Крис Зилка го избрал за Парис Хилтон чини 2 милиони долари.