Категории

Сè за најмилите: Мајка создава уметност од храна за да го поттикне синот да се храни здраво

Креативна мајка пронајде прекрасен начин за да го натера малото синче да се храни здраво.

Лале Мохмеди секојдневно создава забавни порции кои ги вклучуваат омилените ликови од цртаните филмови на 3-годишниот Џејкоб, сè со една цел – да го натера Џејкоб да јаде здрава храна.

„Отсекогаш сум се залагала децата да јадат здрава органска храна. Минатиот мај, решив да ги претворам палачинките на Џејкоб во лав. Тој ги обожаваше. Џејкоб ми кажува кој лик сака да го направам, без разлика дали е од книга или нешто што му го привлекло погледот тој ден“ – вели креативната мајка, која подоцна започнала да ги објавува своите дела на профилот на Instagram, Jacob’s Food Diaries.

Досега, работата на Лале ја следат 50 илјади корисници на социјалната мрежа.

Погледнете ги порциите на Лале и украдете идеи за да ги поттикнете вашите најмили да посегнат по здравата храна.

Прегледи:
501
Објавено на:
12.07.2016