Категории

Седма година по ред Мелбурн е именуван за најдобар град за живеење во светот

Седма година по ред, австралискиот град Мелбурн е именуван како град каде најдобро се живее во светот.

 

Ова е прв пат еден град да се задржи толку години по ред на врвот на оваа листа на Економист, а предходниот рекорд го држеше Ванкувер со шест години по ред.

Мелбурн добил целокупна оценка од 97.5, од кои 95 за стабилност, 95.1 за култура и животна средина и совршената 100 за образование, здравство и инфраструктура.

Прегледи:
423
Објавено на:
17.08.2017