Категории

„Сега кога ја изгуби, сфати колку ја сака“

Таа го сакаше. Едноставно го сакаше. Но, неговата проклета гордост никогаш не попушташе. Ја оставаше безброј пати, а таа му се враќаше после секое оставање. Мислеше дека може да прави што сака и дека таа секогаш ќе му се враќа без разлика на се. Мислеше дека колку и да ја потценува и отфрла, таа пак ќе го сака. Можебии го сакаше, но и се врати гордоста. Се спакува и замина од него и неговиот живот. Ги затвори очите. Трепереше од бес кога сфати дека му дозволи да ја третира како играчка. Веруваше дека времето ќе излечи се. Сфати дека љубовта боли и се надеваше дека и тој еден ден ќе го почувствува тоа на своја кожа, а кога ќе се случи тоа, ќе се сети на неа.

Сега е посилна од се, а тој ја изгуби својата гордост. И тој ја сакаше, но мислеше дека и овој пат ќе се врати како и секопотцени како и секогаш. Се излажа. Не сакаше да се потцени. Еве го сега, моли за тронка љубов, а таа не сака повеќе да го види, ниту пак да слушне за него. Велат: “Кругот се врати”. Еднаш си на врвот и имаш се, а потоа паѓаш на дното и остануваш со ништо. Така беше и со него. Тој беше победник во губењето. Сега кога ја изгуби, сфати колку ја сакал. Сакајќи да се претстави како фраер пред другите, изгуби многу. Ја изгуби неа и нејзината љубов. И сега се беше залудно. Безвредни му се вистинските зборови кажани во погрешно време.

 

Јована Бараковска

Прегледи:
430
Објавено на:
05.07.2017