Категории

Секое утро погледнете се во огледало и направете го ова: Магичен ритуал за љубов, среќа и убавина

Што помислувате секое утро кога ќе се погледнете во огледало? Што прво си кажувате на себе? 

Доста се критикуваме себеси, наоѓаме маани онаму каде што ги нема, се осудуваме себеси и на тој начин и своето тело. Секој ден се гледаме себеси во огледало и ги гледаме своите очи, лице, коса, брчки, кожа… Го гледаме целото тело со сите негови маани и недостатоци. Ретко кога ги гледаме доблестите. Кога и да се погледнеме, најчесто го забележуваме она што не е во ред. А не сме свесни дека всушност сме магични суштества!

Нашите тела се креирани да даваат живот, да уживаат во животот, во движењето, мирисот, вкусот, сексуалноста. Имаме тело кое како мала фабрика, работи без престан и неуморно ни служи. Иако не гледаме како ни работат белите дробови и не слушаме како работи срцето, не значи дека ништо не се случува и не значи дека сето тоа се подразбира. Нашето тело работи за нас постојано. Дури кога ќе ни се случи непријатна ситуација во врска со здравјето, тогаш почнуваме да сфаќаме колку е важно нашето здраво и витално тело, дури кога ќе почувствуваме болка, стануваме свесни дека претходно сме живееле без болка. И сѐ би направиле да се врати тоа! Затоа е потребно да си признаеме себеси колку чудесни и магични суштества сме ние. Да му се заблагодариме на своето тело. И така секое утро, секој ден…

Ова е начин да му дадеме љубов и благодарност на своето тело и да престанеме да судиме од глава до пети. Внатрешниот критичар во нас е постојано буден и секогаш се врзува за оној мал, негативен коментар или детали и секогаш не потсетува на тоа дека не сме доволно добри и дека некој друг е подобар од нас. На овој начин, пружајќи си љубов себеси и на своето тело, ќе престанете да го храните вашиот внатрешен критичар и тој полека ќе се откаже од критики.

Користете го секој момент да му се заблагодарите на своето тело!

Прегледи:
521
Објавено на:
13.09.2019