Категории

Секогаш постои една причина поради која мажот ја напушта жената: Таа нема никаква врска со тоа!

Кога партнерот ќе реши да си замине, ваше е само да му посакате среќен пат

Причината зошто мажот ја напушта жената е секогаш иста – тоа е во природата на мажот. Ако мислите дека вашиот сопруг / партнер не може да живее без вас, почекајте … Ќе видите колку брзо и лесно ќе се навикнат на слобода и независност.

Ако мажот ќе реши да си замине и да ја напушти својата сопруга, не му е потребна ниту една причина. На ниеден начин за да го задржите до вас нема да вроди со плод: ниту со љубомора, ниту со пари, ниту со бременост, ниту со закана дека ќе си го одземете сопствениот живот …

Ако сака да си замине, тој ќе си замине.

Воопшто не е важно што правите, како се облекувате, каква шминка и фризура имате.

Ако решил да си замине, тој ќе замине – затоа што тоа е во неговата природа. Во најдобар случај ќе го одложи малку заминувањето.

Ова може да биде добра вест за многу жени затоа што – вие не сте виновни за тоа! Тој не заминува затоа што вие сте направиле нешто или не сте направиле.

Немате никаква врска со неговото заминување! Ако сè било добро, тогаш сигурно нешто не „штимало“ во бракот / врската. Но, тоа било така, сè додека вашиот партнер не пронашол проблем поради кој ќе си замине.

Најчесто се случува тој да бара нешто што ќе го вознемири за да може да ве остави и да замине. Но, мора да сфатите дека било што да направите, не можете да го спречите да замине.

Едноставно започнете нов живот, затоа што вашиот брак наскоро ќе заврши!

Прегледи:
491
Објавено на:
14.02.2020