Категории

Секој човек е барем пет минути дневно будала. Вистинската мудрост се сведува на тоа временскиот лимит да не се надмине: Мудри мисли од Дејл Карнеги

Писателот, психолог и педагог Дејл Карнеги размислувал и живеел по принципот „во светот нема лоши луѓе“. Постојат само непријатни околности кои можат лесно да се променат. Доволно е само да го промените односот кон нив. Затоа, поради непријатните околности не треба да го расипувате животот и расположението на околината.

Тој исто така изградил сопствена концепција на бесконфликтен и успешен однос. Имал многу поддржувачи на оваа теорија, но и оние кои биле против неа. Меѓутоа, никој не останал рамнодушен, а неговите совети е корисно да ги прочитате:

1. Секој човек е барем пет минути дневно будала. Вистинската мудрост се сведува на тоа временскиот лимит да не се надмине.

2. Ако судбината ти подари лимон, направи од него лимонада.

3. Научете да се ставате во положба на другиот човек и сфатете што му е потребно него, а не вас. Целиот свет ќе биде со оној кој ќе успее тоа да го направи.

4. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот и еден од најефикасните.

5. Ако посакате да промените некого, започнете од себе. Тоа е покорисно и побезопасно.

6. Замисли ги најлошите последици кои може да ги предизвика твојата постапка, однапред помири се со нив и потоа дејствувај!

7. Насмевката не чини ништо, но затоа многу вреди.

8. Многумина викаат доктор кога им е потребна публика.

9. Луѓето не ги интересираме ни јас, ни вие. Наутро, напладне или навечер тие се занимаваат сами со себе.

10. Кога човекот ќе започне војна сам против себе, тој веќе вреди нешто.

11. Јасно се дека вашиот маж има недостатоци, но да е светец никогаш не би ве избрал вас.

12. Запомнете дека името на човекот е најважниот и најслаткиот звук на планетата за него на било кој јазик.

13. Тајната на нашата несреќа е во тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме за тоа дали сме среќни или не.

14. За мудриот човек секој ден почнува нов живот.

15. Не утре. Денот за спасување на човекот е денес.

16. Не плашете се од непријателитте кои ве напаѓаат. Плашете се од пријателите кои ви ласкаат.

17. Стравот постои само во вашиот ум, никаде на друго место.

18. Силната желба да научите нешто е веќе 50% од успехот.

19. Однесувај се како да си среќен и ќе станеш среќен.

20. На овој свет постои само еден начин да заслужиш љубов – да престанете да ја барате и да почнете да ја давате, не очекувајќи благодарност.