Категории

Секој може да ви подари цвеќиња, чоколадо и накит, но нема љубов во тоа

Вистинската љубов не е скапи поклони, буќет цвеќе и накит – Вистинската љубов е танцување во кујната, бакнежи на дожд, и откривање на нештата кои те прават ранлив..

Голем дел од луѓето не разбираат што е вистинска романса.
Секој може да ви подари цвеќиња, чоколадо и накит, нема љубов во тоа.

Вистинските љубовни нешта во животот се тие кои ги правиш секој ден и докажуваат дека се грижиш, дека мислиш на личноста.
Тоа се нешта кои ги правиш и понекогаш значат жртва, но не се грижиш за тоа затоа што знаеш дека си ја направил личноста среќна.

Тоа се мали нешта кои всушност имаат непроценлива вредност.

Тоа е држење на дланката кога знаеш дека таа е испплашена, кога го чуваш последното парче торта за него. Рандом пораки во текот на денот само да и кажеш дека мислиш на неа, дека ја сакаш и ти недостига.

Тоа е бакнеж на застанување додека поминува покрај тебе. Омилената песна кога се чувствува потиштено. Кога и кажуваш дека убава дури и кога е во пижами, без шминка со собрана коса.

Кога ти раскажува за својот ден до секој најситен детал а ти го паузираш омилениот филм само за да дознаеш што го растажило или усреќило.
Тоа е танцување во кујната и бакнежи на дожд.
Романтиката не е купување, романтиката е давање, таа е гестов, внимание..

Прегледи:
687
Објавено на:
11.08.2020