Категории

Секоја десетта жена има болен сексуален однос

Речиси десет отсто од Британките имаат болен сексуален однос, според студијата објавена во списанието International Journal of Obstetrics and Gynaecology.

Истражувањето е спроведено на речиси 7.000 сексуално активни жени на возраст од 16 до 74 години, упатува на тоа дека овој медицински проблем, кое стручно се нарекува диспареунија, не е редок и погаѓа жени од сите возрасти. Најчест е сепак кај жените во доцните педесеттите и раните шеесеттите години, а ги следи возрасната група од 16 до 24 години.

Лекарите можат да им понудат помош, но жените ретко им се обраќаат, бидејќи диспареунијата сé уште е табу. Диспареунијата е силно поврзана со други сексуални проблеми како што се сувост на вагината, анксиозност и недостиг од уживањето во сексот. Има многу различни физички, психички и емотивни фактор кои може да ги предизвикаат болен однос, а тоа може да биде сложено за лекување.

Истражувањето го спровела Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (LSHTM) во соработка со други здравствени установи. Речиси третина од жените кои повремено или постојано патат од диспареунија се незадоволни од својот сексуален живот.

Главната авторка на студијата, др Кирстен Митчел вели за BBC да зад болниот секс може да стои широк распон на причини. „Кај младите жени, кои штотуку започнуваат со сексуалниот живот, можно е да не се чувствуваат пријатно“, вели.

Медицинските причини за диспареунијата можат да бидат сексуално преносливи воспаленија, ендометриоза и фиброиди. Жените на возраст околу менопаузата може да имаат болен секс поради вагиналната сувост.

Мичел вели дека треба да се надвладее чувството на срам и да обраќаат на лекарот кога ќе се појави проблемот на болниот сексуалниот однос бидејќи има помош, без разлика дали причината е медицинска или емоционална.

Извор: Макфакс

Прегледи:
348
Објавено на:
28.01.2017