Секоја личност која сте ја сакалае или ја сакате е вистинска, и била тука како ваш учител. Заблагодарете им се на сите кои сте ги сакале, затоа што сакајќи ве направиле личност каква што сте. Заблагодарете и се на таа личност која сега седи покрај вас, ценете го сегашниот момент, внимателно отворете ги очите и учете.
„Толку малку љубов има помеѓу луѓето, кој умее да сака, тој не би требал да прави ништо друго“.
Помеѓу болката и среќата постои тенка линија, но ризикот од страдање сите го превземаме несвесно заслепени од мигот и уверени дека сме нешто посебно и дека баш таа е нашата љубов, најголема на светот, таква каква никогаш не постоела и постои само среќа која не може да ја наруши ништо, и личноста која сме ја пронашле е всушност совршената за нас.
Со такво размислување – разочарувањето е неминовно, порано или подоцна, започнува страдањето.
За оние кои се доволно мудри, тоа страдање може да биде повод и за лично растење, во некоја нова врста на љубов, преку спознавањето и прифаќањето на љубовта онаква каква што е.
За оние послабите, разочарувањето станува поголемо, губат доверба во комплетниот машки или женски род, затоа што сметаат дека ако љубовта исчезнала значи дека воопшто не ни постоела.
Често после првото разочарување, луѓето се откажуваат од љубов. Се трудат да ја заборават, да се уверат себеси дека љубов не постои и дека љубовта е само некоја илузија, преценет збор.
Не сфаќајќи дека откажувањето од љубовта значи откажување од себе самите, откажување од среќата. А нема потреба, се е многу поедноставно отколку што се чини.
Погрешно е ако ве учат дека постои само една совршена личност која таму некаде седи и не чека. Стануваме жртви на илузијата и очекувањата кои сме ги створиле самите па не разочаруваат.
Наместо тоа, љубовта треба да ја посматраме како вештина, вештина која се стекнува низ животот.
Сите искуства кои сте ги имале создаваат едно прекрасно патување, една потрага по искрена и вистинска љубов која постои која еден ден, ако сте доволно храбри и трпеливи да не се посомневате во својата потрага, ќе дојде во тој миг кога сте научиле да сакате и сте спремни за неа.
Секоја личност која сте ја сакале е вистинска и била тука како ваш учител. Заблагодарете им се на сите кои сте ги сакале, затоа што ве направиле личност каква што сте.
И не заборавајте: „Среќен е само оној кој умее да сака“ – Херман Хесе.