Категории

Секс поза каубојка: Проблеми и решенија

Речиси и да не постои девојка која не ја обожава познатата секс поза каубојка. Некои жени уживаат во родео позата, додека други сеуште не знаат како да се справат со неа.

Партнерот е премногу висок за вас?

Кога вие сте ниски, а тој е драстично повисок, родео позата може да ви се види како помалку необична зошто не го гледате партнерот во очи. Затоа побарајте од него наместо да лежи, да седи на каучот. На овој начин можете да бидете поинтимни, да се прегрнувате и да се бакнувате.

Вие сте полнички, а тој е слаб?

Доколку постои преголема разлика во тежината и се плашите дека можеби сте му претешка на партнерот, едната нога спуштете ја од страната на креветот. На тој начин ќе си дадете потпора и нема целосно да седнете врз него.

Немате кондиција?!

Сексот во оваа поза бара кондиција, па доколку не сте во форма лесно се забележува дека не можете да го држите темпото. Најдобриот начин да се справите со оваа ситуација е да ги спуштите своите гради на неговите додека сè уште правите движења со долниот дел од телото.

Неговиот пенис е преголем

Родео позата е помалку непријатна кога партнерот има поголем пенис. Предноста е во тоа што вие го контролирате секое движење, па не морате да седнете на целиот пенис.

Неговиот пенис е мал!

Единствено што ви преостанува во ваков проблем е да се наведнете нанапред така што ќе добиете поголемо триење на клиторисот.

Како треба да мрдате?

Експериментирајте со движења од напред – назад, горе – долу, по стрелките на часовникот…

Прегледи:
2743
Објавено на:
01.03.2016