Освен тоа што работат опасна работа и ги ризикуваат своите животи за да ги спасат туѓите животи и имоти, австралиските пожарникари со години одат чекор понапред и изработуваат календар кој го продаваат ширум светот, а заработувачката ја донираат.
Од 1993. година календарот е проект за собирање средства за добротворни установи. Оваа година заработените средства од продажбата на австралискиот календар со пожарникари ќе се донираат во болницата „Zoo Wildlife“ во Австралија.
Погледнете какви фотографии можат да се најдат во календарот.