Категории

„Сексот и Градот“ се враќа повторно но без Саманта – Фановите се лути на Ким Катрал

‘Сексот и градот’ се враќа, обожаватели на жестоката Саманта се лути затоа што новата сезона нема да го вклучува нивниот омилен лик, причината за тоа ја припишуваат на Сара Џесика која го толкува ликот на Кери Бредшо.

За судбината на серијата „Сексот и градот“, односно нејзините потенцијални продолженија се шпекулираше веќе подолго време, но фановите на овој хит на HBO беа воодушевени од штотуку потврдената официјална вест дека 10 нови епизоди ќе бидат објавени на платформата за стриминг HBO Max.

Сара Џесика Паркер на социјалните мрежи објави дека се враќа во ликот на Кери Бредшо, а истата вест ја споделина и актерките Синтија Никсон (Миранда) и Кристин Дејвис (Шарлот) и како и продуцентската куќа која стои зад овој мега хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Како и што се очекуваше, серијата ќе стартува без Ким Катрал (Саманта). Актерката пред неколку години изјави дека нема намера да учествува на нови собири. Се верува дека причината за ова, повеќе од неуспехот на следните филмови, е нејзината лоша врска со Паркер и продукциската куќа.

Фановите се воодушевени од повторното обединување, иако обединувањата од овој тип, дури и по долга пауза, почесто се претвораат во неуспеси отколку добри идеи.