Категории

Сексот во 40-тите е подобар од тој во 20-тите години

Истражувањата покажуваат дека сексот е најдобар во зрелите години.
37% од жените и 34% од мажите признале дека 40-тите се најдобри години за секс.
Истражувачите навеле дека иако помладите имаат почесто секс, постарите всушност повеќе уживаат во него.
Еве и зошто.

Луѓето постари од 40 се посамоуверени
Тие точно знаат што сакаат, не им е срам од звуците и движењата за време на сексот и целулитот и брчките не ги загружуваат премногу.

Сексот во брак е најдобар
Секако дека на почетокот на секоја врска сексуалната енергија е на високо ниво. Но, со текот на времето партнерите ги поврзува голема љубов. Тие се познаваат подобро и знаат што му одговара на другиот. Веќе не се кријат фантазиите и полесно може да се опуштат.

Постарите жени полесно постигнуваат оргазам
Со текот на годините се повеќе уживаме во сексот, а тоа е голема предност кога се работи за женскиот оргазам- жените постари од 40 имаат помалку проблеми со достигнувањето на оргазам. Истражувањето покажало дека 40% од испитаничките кои се во своите дваесети години имаат проблеми со постигнувањето на оргазам, додека тоа го изјавиле 20% од жените во четириесетите.

Прегледи:
669
Објавено на:
05.07.2019