Категории

Селена Гомез отворено околу реакцијата од нејзината трансплантација на бубрег

Селена присуствуваше на We Day 2018 прославата во Лос Анџелес. Носејќи црвен џемпер и црвен кармин, таа одржа емотивен говор на сцената.

„Вие се фокусирате да го направите светот место со повеќе надеж и ме поттикнувате мене и сите мои пријатели да го правиме истото. Како што некои од вас знаат, јас имав трансплантација на бубрег оваа година и многу луѓе од целата држава дознаа и ми пружија поддршка. А други ми кажаа како слушнале за мојата приказна и тоа им помогнало да најдат храброст и да помогнат на други луѓе кои сакаат да се вклучат и да донираат. Тие ме потсетија колку јас сум среќна да имам платформа каде јас ќе можам да споделувам со вас.“

Таа на својот Инстаграм објави фотографија од нејзе и 8-годишната Нели Мејнор која страда од ретка бубрежна болест. На фотографијата пишуваше „ Без разлика дали вашата платформа е голема или мала, ние сите имаме моќ да ги поткрепуваме оние околу нас.“

 

Селена беше дијагностицирана со лупус во октомври 2015, што доведе до трансплантација на бубрег во септември 2017. Бубрег и даде нејзината пријателка, Френсиа Раиса, која доброволно се одлучила на овој потег. Селена објави и фотографија од нив две како се држат за рака, легнати на болнички кревет рамо до рамо.

 

I’m very aware some of my fans had noticed I was laying low for part of the summer and questioning why I wasn’t promoting my new music, which I was extremely proud of. So I found out I needed to get a kidney transplant due to my Lupus and was recovering. It was what I needed to do for my overall health. I honestly look forward to sharing with you, soon my journey through these past several months as I have always wanted to do with you. Until then I want to publicly thank my family and incredible team of doctors for everything they have done for me prior to and post-surgery. And finally, there aren’t words to describe how I can possibly thank my beautiful friend Francia Raisa. She gave me the ultimate gift and sacrifice by donating her kidney to me. I am incredibly blessed. I love you so much sis. Lupus continues to be very misunderstood but progress is being made. For more information regarding Lupus please go to the Lupus Research Alliance website: www.lupusresearch.org/ -by grace through faith

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

„ Сакам јавно да се заблагодарам на моето семејство и неверојатниот тим на лекари за се што направија за мене пред и по операцијата. И, нема зборови со кои можам да опишам колку сум и благодарна на мојата прекрасна пријателка Френсиа. Таа ми даде бескраен дар и жртва со донирањето свој бубрег на мене. Јас сум неверојатно благословена. Те сакам многу, сестро!“ – додаде Селена.

Прегледи:
444
Објавено на:
24.08.2018