Популарната пеачка Селена Гомез веќе подолго време е отсутна од музичката сцена, а се повлече и од друштвените мрежи за да се посвети на приватниот живот и на здравјето.
Поранешната љубов на Џастин Бибер конечно се врати и прв пат оваа година се појави на црвениот тепих.
Иако се навикнавме музичките ѕвезди да ги гледаме во нежни, романтични комбинации, со својата најнова комбинација Селена Гомез направи пресврт.
Таа се појави во едноставен елегантен црн Диор фустан со совршен крој, а комбинацијата ја „зачини“ со класични црни салонки и собрана коса.