Категории

Семејството кое ги изгуби своите 3 деца и дедото на летот MH17 добија принова

Австралискиот пар Ентони Меслин и Марајт Норис, кој ги изгуби своите 3 деца во несреќата на летот MH17 во 2014, пред 2 недели добија бебенце ќерка, Вајолет Меј Меслин.

Родителите велат дека добиле неверојатен подарок. „Нашето семејство беше уништено кога авионот со ознака  MH17 беше соборен од проектил на 17ти јули 2014“, вели парот. „Нашите 3 невини дечиња беа убиени, заедно со нивниот дедо Ник Норис.“

Веќе поминаа речиси 2 години откако проектилот го собори авионот на Малезија Ерлајнс на небото над источна Украина во 2014та година. 283 патници ги изгубија животите.

Anthony-Maslin-and-Marite-Norris-2

„Сè уште живееме со болка, но Вајолет, носи светлина во целото ова темнило“, велат родителите.

Извор: http://www.sezadeca.com/

Прегледи:
439
Објавено на:
26.05.2016