Категории

Семејството на Олимпико се прошири за уште еден член

Во просториите на центарот за гуми Олимпико, денес се одржа прес конференција на која присуствуваа новинари од нашите медиуми.

На пресот свое излагање имаше претставник од Bridgestone кој ги запозна присутните со перформансите на овие пневматици изразувајќи го своето огромно задоволство за идната соработка со овој центар за гуми. Претставниците на Олимпико гордо соопштија дека продолжуваат со напорна работа и успех, а како резултат на тоа е новиот член кој отсега е достапен кај нив – светската компанија за гуми Bridgestone.

Bridgestone, со европско седиште во Брисел, Белгија, е клучна регионална подружница на корпорацијата Bridgestone, со најголема светска компанија за гуми, со седиште во Токио. Револуционерната технологија на Bridgestone обезбедува извонредна ефикасност на горивото без да се загрози безбедноста на возачот.

Покрај најновиот бренд на пневматици кој го краси овој салон, во Олимпико ќе најдете гуми од сите светски докажани брендови, како што се Michelin, BFGoodrich, Тigar, Dayton и Kleber.

Но, Олимпико не запира тука – отсега во овој центар за гуми добивате предсезонски попусти и тоа -30% на нови зимски гуми со вклучена гратис монтажа, како и намаление од -30% за промена на летни со зимски гуми. Оваа акција важи се до 31 октомври 2017 година, па затоа не губете време и подгответе го вашето возило за зимските денови.

Доколку безбедноста на вашето возило ја препуштите на професионалци, сите обврски и грижи за вашето возило ќе бидат минато. Кога зборуваме за квалитет, најголем избор на пневматици од светските докажани брендови, искуство кое трае веќе 26 години, сервис со најсовремени услови – тогаш секако мислиме на најдобриот центар за гуми Олимпико.

Прегледи:
595
Објавено на:
06.10.2017