За време на својот настап во Минеаполис, латино пејачката Џенифер Лопез, ги пееше своите најпознати хитови, ја одбележа годишнината со Алекс Родригез, изведе нова песна, му оддаде почит на Принц, но и промени дури осум гламурозни аутфити.
За време на изведбата, Џеј Ло можевме да ја видиме во леопардски комбинезон и спортски дрес, до провокативен костим во кабаре стил.
Концертот се одржа на денот од првата годишнина со Алекс Родригез, по, што ја честиташе пред целата публика.
Џеј Ло за првпат ја изведе новата песна „Us“. Слушнете ја.