Категории

Сензуални или префинети: Месецот на раѓање открива какви сте во сексот

Сексолозите сметаат дека месецот во кој сте родени има удел во креирањето на вашата личност, а со тоа и на вашите преференци и квалитети во сексот.

Проверете каков е вашиот и пристапот на партнерот во креветот.

Јануари

Овие личности се доса коконзервативни кога станува збор за делење на постелата со некој друг. Но, кога тој некој им се допаѓа, тие прават се` за да им успее врската, вклучително и се` што треба да се прави во спалната соба. Родените во овој месец знаат да бидат меѓу “најнастраните“ учесници во сексуалната игра, иако тоа никогаш не би ви паднало на ум кога прв пат ќе ги видите.

Февруари

Родените во февруари се авантуристи. Тие поседуваат многу страст и  се фокусирани на повеќе цели одеднаш па секогаш ја гледаат пошироката слика. Исклучително е тешко со нив емотивно да се поврзете, но не и невозможно.

Март

Родените во март обожаваат своето време да го посветуваат на секс. Тоа за нив е прекрасна активност што вклучува целосно оддавање на партнерот, па често го креваат до ниво на спиритуалност.

Април

Родените во април се независни личности, но кога ќе остварат врска со некого, вложуваат се што  поседуваат. Сексот со луѓето родени во април е возбудлив, интензивен и жежок, но кога е готов, тогаш навистина е готов. Нивната страст е голема, но од друга страна брзо согорува и многу често знаат за кратко време да се заситат од луѓето.

Мај

Родените во мај сакаат префинет, удобен и сензуален секс. Тие едноставно сакаат да уживаат во самиот чин. Тоа значи: или сатенски прекривки во убаво украсена соба или нема секс.

Јуни

Доколку барате некого за да ви раскажува „валкани“ приказни, тогаш барајте некој роден во јуни. Ако имате секс по телефон, можно е да ги освоите засекогаш. Тие сакаат да ја пробаат секоја можна поза во спалната соба и детално да истражат се` за сексот.

Јули

Сексот со родените во месец јули има длабока емотивна компонента. Предуслов е да се чувствуваат безбедно крај вас, а кога тоа ќе се случи, ќе направат се` за да го задоволат партнерот. Сакаат да ги негуваат и исполнуваат потребите на лицата што ги сакаат.

Август

Родените во осмиот месец од годината се многу великодушни или крајно себични. Партнерот мора да има сè што бараат или ќе веднаш ќе го остават и ќе најдат друг. Воопшто не сакаат кога некој им диктира што да прават во креветот и имаат прилично кршливо его.

Септември

Родените во септември се страствени души, но секогаш ги контролираат своите емоции. Кога станува збор за сексот, потребно им е многу време за да почнат да уживаат. Од друга страна, штом се опуштат и надојдат емоциите, тие се подготвени на се`.

Октомври

Овие личности го сфаќаат сексот како сликање на романтично уметничко дело. Тие веднаш ќе ви кажат како нештата ќе се одвиваат и како ќе се чувствувате. Потоа ќе се потрудат нештата да се одвиваат бавно за целокупното искуство да може да трае колку што е можно подолго. За нив, исклучително голем дел од сексуалната игра претставува и самиот чин на додворување. Можеби понекогаш им недостига страст, но тоа го надополнуваат со романтични гестови, кои обично водат до совршен секс.

Ноември

Родените во овој месец се љубители на страстниот секс. Тие сакаат да го поседуваат партнерот, но сакаат и партнерот да ги поседува нив. Ќе пробаат се`, иако често од единствена причина за да можат да речат дека тоа го пробале.

Дeкември

Колку што се големи креативци во животот, толку се и во сексот. Сакаат се` да е проткаено со приказна, а тие да играат разни улоги. Некогаш се многу тешко за да можете емотивно да се поврзете со нив, но кога е во прашање сексот, со нив секогаш е забавен.

Прегледи:
634
Категории:
Занимливости
Објавено на:
09.01.2016