Категории

Серена Вилијамс конечно е најплатената жена спортист со заработка од…

Има освено 21 Гранд Слем титули, повеќе од било кој професионален тенисер до сега, во машка и женска категорија и има заработено повеќе од 77 милиони долари само од награди, има своја модна линија и отвори две школи во Африка и едно во Јамајка, а дури сега за прв пат во својата кариера Серена Вилијамс е на врвот на Фробс како најплатената жена спортист. 

Со ова достигнување, Вилијамс ја симна од тронот Мариа Шарапова која помина 11 години на врвот на листата. Вилијамс заработила 28,9 милиони долари во 2015 година, а Шарапова 21,9 милиони долари. Иако Вилијамс ја победува Шарапова на секој меч од 2005 навака, држи рекорд од 19-2 победи над неа, Шарапова постојано заработува повеќе од Вилијамс со подобрите спонзорски договори. Работите се променија по грешката на Шарапова, со која падна на тестовите за допинг и доби две годишна суспензија, со што ќе трпи и натамошни загуби.

Иако се наоѓа на врвот, сепак таа е на 40-то место по заработка од сите спортисти, а на врвот е Кристијано Роналдо до скоро 60 милионо долари. Ова го отвара проблематичното прашање со го има во секоја кариера, дека мажите се поплатени од жените, безразлика на успехот и стручноста.

Во нејзиното последно интервју за Гламур, таа говори за разликите меѓу платите на мажите и жените:

„Овие спортови бараат вложување многу труд, се надевам дека ќе бидам од помош бидејќи верувам дека жените заслужуваат да бидат исто платени. Работиме напорно како и мажите. Посветена сум на работата и на играњето тенис од десет години, а да бидам платена помалку само затоа што сум жена – не е фер.“

 

Прегледи:
612
Категории:
Спорт · Тенис
Објавено на:
09.06.2016