Категории

Серија стартап текстови: Седумте сегменти на бизнис планот

Секој бизнис план независно дали е направен во Скопје, Мајами или Шангај има 7 сегменти кои се клучни за секој инвеститор или банка. Кога пишувате бизнис план не е доволно само да кажете дека имате план туку и тој план да е издржан со реална проценка на иднината и добра анализа  на сегашноста.

Филип Манојловски пишува за седумте сегменти кои го сочинуваат  „скелетот” на бизнис планот. Денес ќе разговараме за првиот сегмент, а тоа е:

  1. Производ/Услуга ;

Многу е значајно за секој претприемач да знае што продава, на што прави размена на вредност за пари. Многупати на моите обуки  за претприемачи студентите незнаат точно каков бизнис развиваат. Некои „само знаат дека не сакаат да работат за друг”, други немаат јасно издржана идеја или пак се двоумат меѓу неколку.

Ако вие не знаете што продавате, како очекувате инвеститор или бизнис ангел да инвестира во вашата фирма?

Во мојата книга „Бизнис Инсајдер” која ја издаваме во соработка со тимот на Среќа.мк, споменувам две приказни за два стартапи, Uber и Pets.com . Uber е стартап за кој слушнал секој во светот, роден на една идеја за превоз преку клик на телефон.  Денес, Uber вреди 17 милиони. Голем дел  од успехот се должи на оригиналната идеја за превоз преку апликација.

Независно каков производ имате, се додека знаете што продавате со добра стратегија и добар маркетинг може да го издигнете на ниво на бренд.

Првото прашање што ќе ви го постави инвеститор на ”Pitch Event” е „Каков проблем решава вашиот прозвод или услуга?”. Тоа е истото кое треба да си го поставите сами на себе пред да поченете со пишување на бизнис план.

Во наредните делови ќе прочитате за другите сегменти на бинзис план.

 

За сите прашања за разработка на бизнис план како и за ”Обуката за  претприемачи” пишете на [email protected]  .