Нетфликс во почетокот на неделата го објави почетокот на четвртата сезона на серијата „Круна“ посветена на англиското кралско семејство и бракот на Чарлс со принцезата Диана, нои неговата афера со Камила Паркер Боулс со која сега е во брак. Блиски извори на кралското семејство изјавуваат дека членови се крајно фрустрирани поради тоа што во серијата се прикажува невистина како точна.
„Тоа е драмска серија која, изгледа, е направена не почитувајќи ги луѓето кои се вклучени во таа приказна. Нивните животи се сега „украдени“ и искористени. Во овој случај, се повлекуваат нешта кои се случиле во многу тешки времиња, пред 25-30 години и не се обрнува внимание на ничии чувства. Тоа не е добро нити поштено, особено затоа што многу од прикажаните сцени не се вистинити.“ – изјавува изворот.
Од палатата изјавуваат:
„Се работи за тоа што нас не тролаат со буџетот кој го добиваат од Холивуд. Јавноста не смее да биде измамена па да помислат дека сите овие ситуации вистински се случиле.“
Наводно сето тоа споменување на аферата и разводот најмногу го разлутило принцот Вилијам кој никако не се согласува со тоа имињата и делата на неговите родители да се провлекуваат во некоја серија.