Категории

Сестрите Венус и Серена Вилијамс се сретнаа во натпревар на турнирот во Америка

Во третото коло на US Open се сретнаа во меч Серена и Венус, меч кој го доби Серена.

Серена успева да ја отргне болката од повредата на зглоб, да освои седум последователни натпревари и полека да ја превзема контролата на турнирот во свои раце. Таа се врати на тенискиот подиум во одлична форма иако пред само една година ја роди својата ќерка.

„Натпеварот не беше лесен. Таа е мојата најдобра пријателка и секогаш кога таа губи го чувствувам поразот како да е мој. Но, ова е само турнир. Ние знаеме дека имаме многу повеќе да доживееме, што е и поважно од меѓусебните дуели. Ова беше мојот најдобар натпревар од кога се вратив. Работев за тоа. Работев навистина напорно последните три-четири месеци. Тоа е животот, мора да продолжите да работите напорно без разлика на подемите и падовите кои ги доживувате. Тоа е она што јас го правам.“ – вели Серена.

„Мислам дека ова беше најдобриот натпревар која таа го играла против мене. Не мислам дека грешев многу, но таа направи се како што требаше. Кога вашиот противник игра толку добро, нема потреба да се грижите од исходот на натпреварот.“ – вели Венус за Серена.

Прегледи:
488
Објавено на:
04.09.2018