Категории

Шампионското мени на Роџер Федерер е вистинско изненадување!

Роџер Федерер и на полни 37 години успева да победува многу помлади тенисери и да ја задржи формата на која многумина би можеле да му позавидат. 

Приоритетите играат важна улога во тоа – но, најзачудувачки е фактот дека дека освојувачот на 20 Грен слем титули јаде доста благо и сите оние намирници за кои би помислиле дека веројатно ги избегнува.

Швајцарецот, кој се смета за еден од најдобрите тенисери на сите времиња, води сметка за својата исхрана, но денот најчесто му започнува со сладок појадок. Утрото пред мечот најчесто јаде домашни вафли со свеж компот од овошје. Во комбинација со тоа, задолжително пие свежо цеден сок, кафе и мала чаша јаболков оцет, кој помага при варењето.

I feel grateful to share time with these amazing kids

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer) on


Пред самиот меч или пред тренинг, задолжително јаде јаглехидрати, но во умерени дози.

„Два часа пред секој меч задолжително јадам чинија паста со некој лесен сос. Тоа го правам веќе 20 години“, вели Роџер. Добра замена за пастата е и оризот, но важно е да не биде со многу лук, бидејќи може да биде тежок за варење. Во суштина, добар оброк со јаглехидрати пред напорен тренинг е одличен за организмот.

Got naan?

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer) on


На паузите често јаде енергетски чоколади, а понекогаш наместо тоа јаде банана. Бананите се одличен извор на добри јаглехидрати и калиум.

Федерер во текот надолгите мечови честопати пие и посебни напитоци кои надоместуваат за сите минерали кои ги губи при потење. За вечера, тоа е оброк во кој највеќе ужива и честопати ги менува местата каде што јаде, бидејќи најчесто се храни по ресторани.

Прегледи:
682
Објавено на:
03.05.2018