Категории

Шармантен мини замок во Британија е ставен на продажба

Ако некогаш сте сонувале да живеете во замок, сега е вашата шанса. Местото познато како Molly’s Lodge се продава, а се наоша во близина на селото  Long Compton воWarwickshire, Англија и е мини замок во кој секој се заљубува. 

Оваа структура е дизајнирана и изградена во 1830 година од познатиот британски архитект Edward Blore, а била помошна куќа за големата палата  Weston Park.

 

Сега Molly’s Lodge се користи како резервен дом со една спална, една бања, спирални скали и дневна собра со преубав викторијански камин.

Покрај тоа што е „мал“ замок, овој имот има голем и убаво уреден надворешен простор.

 

Долг пат кој носи до куќата, градина украсно езерце и мала градина со разновидни овошки и зеленчук.

 

Се продава за околку 690,000 долари, а исто така има и мала помошна градба, со дупла гаража, канцеларија и мал апартман.

Прегледи:
438
Објавено на:
15.04.2017