рособниот стан во Стокхолм е вистински пример за моќниот и инспиративен скандинавски дизајн. Но, дизајнерите во овој случај ја освежиле карактеристичната белина која преовладува во скандинавските станови со детали во живи бои.
Едноставен, со претежно бел мебел, дрвени потпорни греди и ѕидови од цигли… совршена околина за создавање на живописен ентериер кој сопствениците го оживеале со мноштво бои, односно со розови, сини и портокалови тонови. Трособниот стан во поткровјето изобилува со шарм и е сјајна инспирација за уредување на домот.
Силните бои создаваат моќен визуелен впечаток, а се со цел ентериерот да не делува конфузно и нападно, дизајнерите одлучиле да се фокусираат на понежните бои.
Целиот стан е одличен пример за ентериер кој успешно го спојува модерниот и традиционален дизајн, создавајќи пријатен контраст за човековото око. Истовремено, станот делува пространо и удобно. Кујната, трпезаријата и дневната соба создаваат еден голем простор без прегради кој е и стилски совршено вклопен, а во станот се наоѓаат и три спални соби, секоја уредена во различна боја.