Категории

Шест начини како да го користите лимонот за разубавување

Лимонот изобилува со витамин Ц кој е многу важен антиоксиданс за кожата. Витаминот Ц влијае во создавањето на колагенот и еластинот, кои се важни за здрав и затегнат изглед на кожата. Освен тоа, одличен е и за нега на проблематична коса. Прочитајте за што се може да го употребите лимонот.

Масна коса

Лимонот е одличен за различни типови и проблеми на косата, вклучувајќи ја и масната коса. Содржи многу важни витамини и минерали кои помагаат да се одржи косата здрава. Киселината од лимонот може да ја балансира pH вредноста на кожата на главата и да го контролира лачењето на маслото.

Помешајте сок од 2 лимони и 2 чаши дестилирана вода. Нанесете ја оваа мешавина на скалпот, откако ќе ја измиете косата со шампон и масирајте. Оставете 5 минути да делува, а потоа измијте ја со млака вода. Повторете го ова 3 пати неделно за подобри резултати.

Хиперпигментација

Хиперпигментација се дамките на кожата кои настануваат поради неправилното насобирање на пигмент. Хормоналното пореметување, гени, бременост, болети на јетрата, менопауза и сонце се главните виновници за ваквата промена на кожата. Лимонкта киселина содржи природни состојки кои ја осветлуваат кожата.

Помешајте 1 лажица сок од лимон ссо лажица јогурт и мед. Нанесете на кожата и оставете да делува околу 20 минути.

Акни

Во лимонот се крие антибактериска моќ, затоа што има ниска pH вредност. Многу стручњаци советуваат д се користи лимонот за подобрување на состојбата на кожата која е склона на акни. Лимонот исто така помага при заздравување на лузните кои остануваат по акните. За најдобри резултати, користете неразреден сок од лимон.

Непријатен мирис под пазувите

Поради неговата способност да убива бактерии и да ја регулира pH вредноста на кожата, лимонот помага и при елиминирање на непријатниот мирис под пазувите. Постапката е многу едноставна. Пресечете го лимонот на половина и со едната половина поминете под пазувите. Оставете да делува 15 минути, па потоа исплакнете ја кожата со ладна вода.

Првут

Сокот од лимон и масло се одлична комбинација која може да ви помогне да се ослободите од првутот, а притоа да не дојде до никаква промена на бојата на косата. Лимонот делува антибактериски и се бори против микроорганизмите кои доведуваат до првут. Помешајте 1 лажица лимонов сок и 6 лажици кокосово масло. Нанесете ја оваа смеса на скалпот и оставете ја да делува 20 – 30 минути. Измијте ја косата со благ шампон. Оваа постапка поввторувајте ја често за да ги добиете посакуваните резултати.

Нокти

Негата на нокти со лимонов сок, маслиново масло и мед е добитна комбинација. За припрема на третманот помешајте 3 лажици маслиново масло, 1 лажица сок од лимон и 1 лажица мед. Ставете ги ноктите во мешавината и држете ги внатре 10-15 минути, а потоа исплакнете ги со вода. Овој третман направете го секогаш кога ноктите ви изгледаат слаби, оштетени и кршливи.

Прегледи:
442
Објавено на:
07.08.2017