Категории

Шест стратегии со кои ви го поматуваат умот

Социопатите се мајстори на влијанието и измамата. Ако ги разгледуваме фактите многу малку од она што го кажуваат тие е точно, но нивната вештина за манипулација им помага да си поиграат со вистината и да ве наведат на тоа дека нивната верзија на настаните е правилна.

Нарцисоидните лица пак имаат прекумерна потреба за восхит, не грижејќи се за чувствата на другите. Тие не се во состојба да примат критика и секогаш сакаат да се во право.
Како социопатите, така и нарцисоидните лица имаат определени шеми на однесување преку кои си играат со вас и ве наведуваат да играте по нивни правила.

Многу си чувствителен – прво започнуваат да ви ласкаат со комплименти создавајќи лажна близина, за потоа да започнат тотално да ве игнорираат, чекајќи да реагирате. Кога ќе го направите тоа, ве напаѓаат дека сте премногу чувствителни. Започнуваат да ве навредуваат и критикуваат, во стил на шегување за да ве извадат од такт.

Луд си – кога односот ќе се влоши започнуваат да ве навредуваат дека сте луди или пак едноставно дека им љубоморите и затоа се однесувате како што се однесувате. Со ова прават да се чувствувате несигурно и да го оправдаат својот став.

Премногу анализираш – социопатите и нарцисите создаваат ситуации во кои започнувате да се чувствувате параноично. На овој начин ве наведуваат во безизлезна ситуација во која лесно може да ја префрлат топката во ваши раце за да би можеле да кажат дека проблемот е во вас, а не во нив.

w2

Никогаш нема да успееш без мене – еднаш кога ќе сфатите со кого си имате работа, ќе направат сè во своја моќ за да ви ја наметнат контролата. Ова значи дека ќе се потрудат да се чувствувате лошо секој пат кога ќе сакате да се оттргнете од нив.

Драматизираш – се вадат на тоа дека вашите реакции се полни со драма, но кога подобро ќе ги анализирате нештата, тие се единствените кои драматизираат. Пред другите луѓе ве опишуваат како проблематичен карактер додека вистината е сосема обратна.

Лошо ме разбра – и повторно вината е кај вас, а не кај нив. Намерно создаваат негативна ситуација на која знаат дека ќе реагирате лошо и потоа се обидуваат да ја прикажат ситуацијата како добра, а вашата реакција како неоправдана. Ако сте полабилен карактер може и да ве убедат дека воопшто не го кажале, тоа што го кажале, па да се посомневате во својот здрав разум.

Прегледи:
357
Објавено на:
03.08.2016