Категории

Шкорпиите се најпривлечниот знак во февруари, а погледнете кој месец е среќен за вашиот знак!

Познато е дека февруари е месецот на љубовта, а ѕвездите кажуваат дека во овој месец најпривлечен знак е Шкорпијата. Меѓутоа, таа состојба се менува од месец до месец.

Шкорпијата е најатрактивниот хороскопски знак барем ако судиме по податоците кои ги собрала апликацијата за спојување на самци Happn. Оваа апликација користи геолокација на сингл луѓе во реално време и ги прати нивните активности, разговори како и тоа дали некој ги лајкува.

Студијата анализирала 60 милиони корисници на хороскоп и открила дека Шкорпијата води на табелата кога станува збор за привлечноста при поделбата на месеци. Ова е прилично изненадувачки податок, бидејќи е познато дека ова е знак кој најмалку реагира на други луѓе.

Шкорпијата освен во февруари, ќе биде привлечна и во март, април, мај, ноември и декември.

Сепак и другите знаци ги имаат своите пет минути. Јарецот ќе има време да заблеска помеѓу јуни и август, а Стрелецот беше најпопуларен во јануари. Атрактивноста на Лавовите ќе биде забележана во септември, а на Раковите во Октомври. На скалата според реакциите на луѓето, погледнете ја целата листа.

  1. Шкорпија
  2. Стрелец
  3. Јарец
  4. Водолија
  5. Девица
  6. Лав
  7. Рак
  8. Овен
  9. Близнаци
  10. Риби
  11. Вага
  12. Бик