Категории

Шок за пушачите: Истражувачите ја открија најголемата лага за зависноста од никотинот

Колку ќе се здебелам доколку престанам да пушам, е прашањето кое го прогонува секој пушач и е чест изговор за да не престане со пушење.

Верувањето дека никотинот го убива апетитот е всушност обична заблуда, а пушачите најчесто имаат многу полоша исхрана од поранешните пушачи и непушачите. Едно ново истражување открива дека пушачите во просек, дневно внесуваат 200 калори повеќе.

Јадат помалку зеленчук и овошје, а повеќе калорична храна. Во комбинација со опасниот никотин, се зголемува ризикот од карцином и срцеви заболувања. Сепак, вистина е дека калориите поспоро се согоруваат кога ќе престанете со пушење, па затоа потребно е тоа да го надокнадите со физичка активност.

Прегледи:
592
Објавено на:
12.04.2018