Категории

Шокантна одбрана на сопругот на Наташа Беквалац откако е обвинет дека ја претепа (ВИДЕО)

Лука Лазукиќ, против кого е поднесена кривична пријава поради претепување на својата сопруга Наташа Беквалац, во ексклузивно интервју за „Блиц“ ја открива својата верзија на настанот.

Во текот на интервјуто со уредничката на „Блиц“, Лазукиќ вели дека не ја тепал својата сопруга и дека утрото кога го напуштил нејзиниот стан, таа немала модринки по телото и посекотини по лицето, кои се неспорно утрдени истиот ден подоцна во Ургентниот центар и кои се јасно видливи на приложените слики.

Во своето интервју, Лазукиќ освен што негира дека ја удрил својата сопруга, тој дава шокантна изјава дека тие модринки се резултат на антицелулитните масажи или дека и се нанесени од неоја трета, нему непозната личност, а како што вели тој Наташа Беквалац можеби и самата си ги создала.

Video by @blic.rs

A post shared by V!VSTARS | Vivstars.com (@vivstars.official) on


Овој скандал се случи само месец и пол по раѓањето на нивната прва заедничка ќерка, Катја. Наташа Беквалац има и друга ќерка од првиот брак.

Адвокатот на Наташа Беквалац бара најстроги мерки против нејзиниот сеуште законски сопруг, како и целосно старателство врз заедничката ќерка.

Прегледи:
519
Објавено на:
19.04.2018