Категории

Шопинг за целото семејство: Вчеравечер се отвори новиот салон, „Wenice Home“

Вчеравечер, на 7-ми март 2018 година, семејството на Wenice се прошири на уште една локација, изненадувајќи ги своите потрошувачи со асортиман за сите возрасти.

Покрај добропознатите продажни места во Skopje City Mall (2 кат), Ramstore Mall (1 кат) и TC Biser (приземје), отсега производите на Wenice може да ги купите во новиот продажен објект, Wenice Home кој се наоѓа во населбата Илинден.

Во продавниците на „Wenice “, секое парче, без разлика дали станува збор за бебешка или детска облека, е направено од висококвалитетен памук и природни материјали.

Покрај големиот избор на облека, составен дел од продажните парчиња во продавниците на Wenice се и модните додатоци за децата, опремата за новороденчиња, лизгалки, нишалки, куќарки, а она што го одвојува „Wenice Home“ од останатите продажни места е големиот избор на производи за вашиот дом направени исклучиво од најквалитетни материјали.

Отворањето на уште еден продажен салон на „Wenice“ со проширен асортиман е уште една потврда за долгогодишната напорна работа, квалитет и широк спектар на производи со кои располагаат.

Со отворањето на „Wenice Home“, добивате место каде што секој член од семејството ќе го најде тоа што му е потребно. Посетете го новоотворениот продажен салон на „Wenice“, и имајте забавен шопинг за целото семејство.

Прегледи:
683
Објавено на:
08.03.2018