Категории

Шпанскиот град Валенсија е прогласен за најздрав град за живеење

Очекуваниот животен век, нивото на загадување и дебелината се само некои од факторите земени предвид при истражувањето на најздравите градови во светот.

Сајтот money.co.uk создаде студио на тема кој град во светот е најздрав. Вирусот Ковид 19 беше земен како еден од факторите, а другите параметри што го водеа беа: нивото на гојазност на граѓаните, очекуваниот животен век, животниот век, нивото на загадување, безбедноста, просечниот број на сончеви часови.

По деталните пресметки на сите фактори, направен е список со 20 градови, а на првото место се најде шпанскиот град Валенсија.

Она што го прави овој град „здрав“ се географската локација, ниското ниво на загадување, медитеранскиот начин на живот, добрата храна, попладневниот одмор и блага клима со многу сончеви денови.

Главниот град на Шпанија, Мадрид, исто така се претстави одлично и го зазеде второто место. На трето место е португалскиот Лисабон и на четвртото Виена. Следат Канбера, Тел Авив, Токио и Хаг. Од поранешните југословенски градови, Љубjана, која е на деветтото место.

Што влијае на здравиот живот и долговечноста во Шпанија?

Според истражувањето на Институтот за мерење и проценка на здравјето во Сиетл, објавено во 2018 година, Шпанија ќе биде земја со најдолг животен век. Шпанската тајна на долговечноста се состои од три работи – медитеранска диета, негување на семејни врски и организиран, бесплатен здравствен систем, кој според Светската здравствена организација е седми најдобар во светот.

Во Шпанија, постојат бројни програми дизајнирани да ги едуцираат децата и луѓето да бидат поздрави. Низ целата земја, постојат организации кои им помагаат на болните и старите лица и им нудат пристап до различни активности што ги подобруваат нивното здравје и расположение.

Прегледи:
1472
Објавено на:
25.01.2021