Категории

Што мислат децата за мажите со брада?

Истражувањата покажуваат дека возрасните мажи со брада најчесто се доживувани како посилни, постари, помажествени, здрави, добри родители, попривлечни, во однос на мажите кои се бричат. А децата? Тие гледаат малку поинаку на сето тоа..

Во студијата на др. Никол Нелсон на Универзитето на Квинсленд, учествуваа 470 деца на возраст до 17 години. Нив им беа прикажани фотографии на мажи со брада и без брада, а малите ги опишуваа по одредени критериуми.

Резултатите покажаа дека децата ги сметаат мажите со брада за посилни и им изгледаат постари, но исто така и не ги сметаат за толку привлечни и ги не ги доживуваат како особи на кои можат да им веруваат. Меѓутоа интересно е тоа што децата чии татковци имаат брада, ваквите мажи ги сметаат за „топли особи“.

„Децата стари неполни две години беќе знаат дека брадата не им се допаѓа, и колку се постари, се до 13 години, се помалку им се допаѓа. Сосема сите мали деца ја поврзуваат брадата со силата, но мажите со брада не им изгледаат како особи за доверба.“ – вели др. Нелсон.
Со други зборови, децата никогаш не би разговарале со некој маж кој има брада и ретко дека би му притрчале во прегратка и да си играат, освен секако ако не се работи за нивниот татко.