Категории

Штетни навики кои влијаат врз дебелеењето

Кои се најчестите навики кои предизвикуваат дебелеење

Познатото мислење кое е доста популаризирано и вели дека јадењето масна храна е сосема погрешно. Маснотиите во храната не дебелат, туку калориите. Конзумирањето на производи со помалку маснотии нема да ве направи послаби, особено не ако јадете во големи количини.

За да не се дебелеете, треба да конзумирате помалку калории. Најчесто намирниците кои се означуваат како „диетални“ имаат еднакво или можеби повеќе калории од полномасните производи поради вештачките додатоци во нив.

Кои се најчестите навики кои предизвикуваат дебелеење:

Не барате совет од нутриционист
Не можете се да знаете самите. Ако имате проблем со тежината, посетете доктор или нутриционист кој ќе ви даде детален план спрема вашите потреби и стил на живот. Голем дел од нив ќе ве посоветуваат да јадете помалку и да вежбате повеќе, па можете уште денес да започнете со тоа.

Спиете премалку или премногу
Спрема истражувањата спроведени во САД, личностите кои спијат три часа помалку од препорачаното, имаат поголем стомак од луѓето кои спијат во просек 7-9 часа. Исто така, личностите кои спијат повеќе од 9 часа дневно се подебели во просек.

Јадете бесплатни грицки
Пецива, чипс, кири, чоколади и бомбни во некои кафичи и ресторани кои ве дочекуваат бесплатно на масата, но тоа што нема да платите за нив не значи дека нема да ве здебели.

Пиете многу сок
Соковите, било да се газирани или не, ако не се свежо исцедени и незасладени ве дебелеат повеќе отколку што си мислите. Две шишиња сок од половина литар имаат исто калории како чизбургер со средна величина.

Прескокнувате оброци
Голем број луѓе мислат дека со прескокнувањето на оброците ќе изгубат на тежина, но освен што при следниот оброк ќе изедете повеќе, прескокнувањето на оброците го успорува метаболизмот а организмот се префрла на „постојана работа“ затоа што никогаш не знае кога ќе го добие следниот оброк и троши помалку калории.

Јадете премногу брзо
Велат дека се потребни 20 минути за сигналот дека сте потполно сити да отпатува до желудникот према мозокот, па затоа забавете. Изедете го предјадењето, па потоа главното јадење јадете го бавно.

Мислите дека интегралниот леб не дебелее
Интегралниот леб е здрав избор но има повеќе калории од белиот.

Не пиете доволно вода
Водата е потребна за правилно функционирање на телото. Некои луѓе дури го мешаат гладот со жедта, па кога би им била доволна чаша вода, јадат калоричен сендвич или чоколадо.

Јадете премногу доцна
Количината на калории која ја внесувате е важна, било да е навечер или наутро, но ако јадете ништо после 8 часот навечер, ќе бидете поздрави а тие додатни калории нема да ги внесете. Од друга страна, ако јадете доцна а го прескокнувате појадокот, го нарушувате своето здравје.

Емоциите ги лечите со храна
За жал, храната нема да ви помогне да ги процесирате негативните емоции, само ќе ја влоши состојбата на вашата депресија. Од друга страна, вежбањето ќе ја подобри а и е добро за вашата линија.

Прегледи:
582
Објавено на:
21.07.2020