По повод големиот христијански празник Велигден, секоја домаќинка на Велики Четврток ги бојадисува јајцата. Дел од домаќинките јајцата ги бојадисуваат и на Велика Сабота.
Она што навистина знае да извади од кожа е кога јајцата ќе напунат при варење. Но, не грижете се има решение.
Подгответе полнети јајца.
Потребни состојки за основниот рецепт за полнети јајца (за 8 јајца)
1/3 филџан мајонез
1 супена лажица сенф
1 супена лажица бел оцет
Сол и бибер
Сварените јајца исчистете ги и пресечете ги на пола, тргнете ги жолчките и ставете ги во сад.
Жолчките истолчете ги со вилушка и помешајте ги со мајонез, сенф и оцет и зачинете ги со сол и бибер. За да добиете сосема хомогена смеса, кратко изматете ја со миксер.
За да не ви бидат сите јајца со ист вкус, поиграјте се со состојките кои ги имате дома.