Категории

Што да правите со облеката која сте ја носеле надвор од дома?

Доколку во текот на самоизолацијата сте излегле на воздух или до продавница, соблечете ја облеката веднаш откако ќе се вратите дома.

Со оглед на ситуацијата која владее во светот во овој момент и прогласувањето на глобална пандемија на корона вирус, секојдневно се појавуаат нови прашања за тоа како подобро да се заштитиме.

Научивме како правилно да се мијат рацете, како да се дезинфицира домаќинството и мобилниот телефон, како да се направи дезинфекционо сретство за раце, како да се чисти површината во куќата. Меѓутоа едно од најчестите прашања е што да се прави со облеката која сме ја носеле додека сме биле надвор од дома.

Некои стручњаци велат дека влакната во материјалите ги фаќаат честичките вирус, ги сушат и така ги уништуваат.
Исто така советуваат дека мазните кожни материјали и оние од винил можат лесно да се пребришат.

Нормалното перење на облеката го намалува ризикот на пренесување на вирусот. ВО одредени ситуации би требало да се перат на високи температури отколку вообичаено, и тоа со производи на база на избелувачи за ризикот на ширење да се сведе на минимум.

Прегледи:
510
Објавено на:
27.03.2020