Девојката од градот која живее и љуби. За нејзината поезија е кажано дека е како вкусна потпечена турлитава полна љубов и страст.
Чувството што во себе го кријат малите работи често е љубов, суштинска емоција која станува составен материјал од нивното постоење. Низ стиховите на песните склопени во Напишан дом секое мало парче љубов си добива своја димензија од Џемперот и Топлите крофнички до Одморот и Зајдисонцето над езерото. Но, Што е љубов ? – уживајте во стиховите со кои започнува второто дело на поетесата Ана Голејшка:
Што е љубов?
љубов се многу работи
апаретчето за мерење притисок пример
ги вкрстува притисоците на мајка ми и татко ми
секој ден наизменично се мери
љубов е и тивкиот договор помеѓу мене и него кој да ги измие
садовите
кутичето за клучеви во ходникот
Јорганите здиплени. Меѓу нив заталкан чорап.
љубов е поштенско сандаче
тегла со стакло од смокви
другарска посвета во книга
и сите новороденчиња што си ги бараат идните денови.