Категории

Што е потребно за да станете инфлуенсер?

Ок, не сте кралица на социјалните мрежи како божицата на Инстаграм, Кајли Џенер, но доколку имате барем еден профил на овие платформи, со малку труд, од вашето леежерно онлајн присуство и љубовта кон фотографијата може да направите сериозен бизнис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on


Дали знаевте дека некои инфлуенсери заработуваат и до милион долари годишно само од социјалните мрежи? Иако е потребно многу повеќе од еден филтер, симпаично селфи и интересни хаштази, со помош на овој мал водич може да научите како од своето хоби да направите кариера.

ЧЕКОР БРОЈ 1 – Изградете свој бренд

Изберете фокус

Секој Инстаграм профил треба да има своја тематика, но и целна група. Сеедно дали станува збор за мода, храна, патувања, профил на вашето домашно милениче или ваш личен профил. За почеток, заптрашајте се што е она што сакате да го правите, а може да го документирате на различни начини. На пример, фризерката Џули Дастин (@JayHairBigga 67.000 следачи на Инстаграм) секојдневно дели совети во врска со својата работа на социјалните мрежи. „Речиси сите мои клиенти слушнале за мене преку социјалните медиуми“, вели Џули чиј фокус е на природната коса.

„Најуспешните инфлуенсери се познати по специфични категории“, тврди Амбер Венз Бокс (90.000 следачи @VenzEdits), претседателка и основач на платформата за инфлуенсери RewardStyle. Тоа во превод би значело: доколку сакате ,коктели, објавувајте интересни податоци и факти во врска со оваа приказна, со задолжителни фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julie Dastiné CEO of JHB (@jayhairbigga) on


Користете го она што го имате

Нема потреба да отворате нов профил. Исчистете го својот Инстаграм, Твитер, Фејсбук и така ќе ги избришете старите објави кои не ви се од корист. Задолжително наведете го своето полно име или називот на брендот. Во кратка биографија напишете со што се бавите и што нудите. Важно е вашиот профил навистина да ве претставува вас и она што го правите во најдобро светло.

Официјализирајте го вашиот профил

На Инстаграм имате опција да го преименувате својот профил во бизнис профил и тоа потполно бесплатно. Со помош на оваа опција имате нови информации за тоа кои луѓе најмногу ги гледаат вашите постови, колку ги виделе, зачувале, коментирале… Авторката на книгата „Инфлуенсер“, Британи Хенеси советува да направите и веб сајт. „Размислувајте на тоа како на бекап верзија. Корисниците не се сопственици на своите профили (сопственик е Инстаграм), туку само на своите содржини и фотографии/видеа и затоа не е паметна идеја целата ваша работа да ја поставите само на едно место“, додава таа.

ЧЕКОР БРОЈ 2 – Како до што повеќе следачи

Објавувајте паметно

Објавувајте ги само оние работи кои всушност го претставуваат вашиот бренд. Фотографиите треба на примамлив начин да го покажуваат она што го нудите. „Замислувам дека зборувам со девојка која седи на својот кауч и на која и е потребна мотивација“, вели велнес инструкторката Реми Ишизука (196.000 следачи @Rrayyme).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by REMI ISHIZUKA (@rrayyme) on


Направете распоред

За профилот да ви биде квалитетен, најважна е содржината која треба да ја објавувате редовно и во еднакви размери. „Кога ќе започнете со објавите, погрижете се тоа да го правите постојано. Не бидете мрзеливи“, нагласува Ернест Џејмс. На Фејсбук, Инстаграм и Твитер поставувајте објави најмалку еднаш дневно, а максимум три пати во текот на еден ден. Кога станува збор за ЈуТјуб, тука важат поинакви правила.: неделно е пожелно да изработувате 3 видеа, најдобро во исто време.

Мајстор на хаштагови

Инстаграм е социјална мрежа во чие внимание е фотографијата. Сите останати дополнителни работи, како описот, хаштаговите, додавањето на локација, можат само да помогнат во успешноста. Напишете околу 10 интересни хаштагови кои ќе им олеснат на луѓето да ве пронајдат. Секогаш пишувајте ги истите хаштагови под фотографиите. Може да смислите и некој интересен збор по кој ќе бидете препознатливи. На пример, блогерката за храна Molly Yeh (370.000 следачи @MollyYeh) честопати го додава хаштагот #GirlsMeetsFarm по кој е препознатлива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by molly yeh (@mollyyeh) on


Ангажирајте се

Комуницирајте со големи ѕвезди кои се занимаваат со истата работа како вас. Но не им праќајте приватни пораки. Наместо тоа, следете ги и оставајте коментари. Доколку некој ја репостира вашата слика, на тој начин ќе го зголемите бројот на следачи. Токму тоа и се случило на Реми Ишизуки. Кога имала само 1.000 следачи, објавила на својот Инстаграм текст за програмата за вежбање на една голема фитнес ѕвезда. „Ја тагнав и таа ја репостираше мојата објава. Преку ноќ добив 8.000 следачи“, објаснува Реми.

ЧЕКОР БРОЈ 3 – Направете пари од својот профил

Борете се за себе

Правилото број 1 за заработка од социјалните мрежи е да се преземе иницијатива и да се понудат услугите на другите. Од 100 врати на кои ќе чукнете, 99 веројатно ќе ве одбијат, но оној еден кој ќе прифати е првата работа на која ќе заработите. Мора да се борите сами за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kéla Walker (KAY-la) (@kelawalker) on


Соработка со брендови

Кога ќе стекнете 5.000 следачи, може да тргнете во акција. Направете список на брендови/компании/фирми кои навистина ги сакате и чии производи сами ги користите, а потоа слободно обратете им се. Претставете се, објаснете со што се занимавате и понудете ги своите услуги. „Го сакам овој ваш производ и долго време го користам. Би сакала за него да пишувам на Инстаграм и да направам објава со вас како мои спонзори. Еве некои од моите идеи“, советува модниот инфлуенсер Кела Вокер(70.000 следачи @KelaWalker). На овој начин може да заработите помеѓу 200 и 1.000 евра месечно.

Прегледи:
2654
Објавено на:
02.05.2019