Категории

Што е вашата пријателка во хороскоп? Пријателството на овие знаци најчесто завршува со војна!

Дури и доколку ветуваат многу, некои пријателства едноставно не се предодредени да траат вечно. Тоа особено важи за одредени хороскопски знаци – порано или подоцна ќе дојде до бурна расправија, а тоа често не завршува добро…

Водолија и Лав

Двата знаци сакаат многу близок однос со луѓето околу себе, но на сосема поинаков начин. За Водолиите се важни длабоките врски и разговори. А Лавовите сакаат другите да им се восхитуваат и да бидат во центар на вниманието. Водолиите набргу почнуваат да се нервираат поради наметливата природа на Лавовите, а Лавовите тоа веднаш го чувствуваат и набргу стануваат ладни.

Рак и Вага

Ова не е добра комбинација за пријателство! Раковите се екстремно чувствителни личности, а Вагите се потполна спротивност на тоа. Често кажуваат се и сешто не размислувајќи колку можат да ги повредат Раковите со своите зборови.

Бик и Јарец

Овие знаци се многу тврдоглави. Ниеден од нив не сака да попушти. Но, во меѓусебното пријателтво тоа може бргу да биде проблем. Во еден момент целото пријателство ќе се сведе на лута дискусија и нема да дојде до компромис.

Стрелец и Девица

Стрелецот набргу ќе почне да чувствува дека уредната и совршена Девица го гуши. Од друга страна, Девицата ќе полуди кога Стрелецот ќе започне спонтано да ги менува плановите. Неизбежно ќе дојде до кавга поради различните карактери.

Прегледи:
392
Објавено на:
17.04.2018