Категории

Што е „викенд“ мигрена и како да ја спречите?

Петок е ден кој за поголемиот дел од луѓето претставува крај на работната недела, кој неретко е проследен со ноќни излегувања. Меѓутоа, дури и кога во петок навечер не консумирате алкохол, не е невообичаено во сабота наутро да ве боли глава. Таквата главоболка има свое име- викенд мигрена.

Викенд мигрените најчесто се јавуваат кај луѓето кои имаат вообичаено осумчасовно работно време, од понеделник до петок. Нив ги предизвикува нарушувањето на рутината, односно будењето подоцна во сабота и недела, венсување помало количество кофеин и поразлична исхрана.

Освен тоа, постои и таканаречен ефект на опуштање, кој се јавува ако преку работната недела го форсираме телот и умот повеќе од обично. Најдобар начин да ја избегнете оваа многу незгодна главоболка е да практикувате сличен распоред секој ден. Тоа значи да станувате во исто време во текот на целата недела и да не ги менувате навиките.

 

Прегледи:
519
Објавено на:
14.06.2018