Категории

Што е всушност древната вештина – акупунктура?

Акупунктурата е стара кинеска медицинска вештина.  Кинеското верување е дека две основни енергии – yin и yang кружат низ меридијаните на нашето тело. Тие невидливи канали пресекуваат 365 точки на површината на кожата.

Со акупунктурата се делува на овие точки со што се постигнува равнотежа на yin и yang енергијата и ублажување на здравстевените проблеми.

Аупунктурата е третман при којшто во кожата се вметнуваат многу тенки, специјални, стерилни игли со цел да се третираат различните психофизички состојби и да му се помогне на телото да го постигне соодветниот баланс. Целта е да се смени протокот не енергијата во телото, така да тоа самото се излечи.

Кога се применува овој третман, пациентот може да има лесна болка, досадна болка во вид на штипење, или електрични сензации во тек на неколку секунди по забодувањето на иглите. Кога иглите ќе се постават, болката и непријатните сензации исчезнуваат. Обично иглите остануват забодени во кожата на телото од 15 до 30 минути.

Акупунктурата се покажала како корисна метода во намалувањето на мачнината, гадењето и повраќањето, кои се јавуваат како несакани ефекти од третманот кај пациените со карцином. Исто така, одредени студии покажале дека акупунктурата помага и во ублажувањето на канцерската болка.

 

На кој принцип работи акупунктурата?

Според традиционалната Кинеска филозофија, човековото здравје зависи од состојбата на енергијата наречена Чи која се движи низ телото и е одговорна за сите, како физички така и психички, емотивни, духовни и ментални состојби. Недоволниот, небалансираниот или прекинат проток на Чи може да доведе до болест. Протокот може да биде нарушен од голем број на емоционални, ментални и физички фактори (траума, диета, инфекции или климатски промени). Чи се движи низ телото по „мередиани“ или канали. Иглите се вметнуваат на специфични точки на каналите со цел да се корегира протокот на Чи и да му се помогне на телото да се балансира.

Акупунктурата е метода, која во 1979 година е признаена и од Светската Здравствена Организација (СЗО), а се изведува со забодување на игли во акупунктурните точки распоредени долж минувањето на 12 главни меридијани. Кинеската традицијата наведува постоење на 365 точки.

За разлика од некои други гранки на алтернативната медицина, акупунктурата е признаена и од научниците, па дури и акупунктурната техника се учи на некои од факултетите.

Западната медицинска акупунктура го комбинира традиционалното кинеско знаење и искуството од научните познавања на анатомијата, заедно со принципите на медицината базирана на докази. Помалку значење се дава на Чи, додека главниот акцент се става на стимулирање на нервниот систем.

Последните проучувања сугерираат дека со вметнувањето на игли на специфични точки, телото ослободува голем број на невромедијатори и хормони. Според досегашните познавања со акупунктурата првично се афектира нервниот систем, кој покрај испраќањето на сигнали преку нервните клетки исто така реагира и со ослободување на различни биохемиски супстанци коишто влијаат и на другите клетки во телото.