Категории

Што им е заедничко на сите дами со стил

Добра, но понекогаш фрустрирачка работа е кога работите на место каде постојано сте опкружена со жени кои се добро облечени.

Тоа од една страна е инспиративно но од друга може да претставува проблем.

Многу дами од модната индустрија биле запрашани за нивниот стил и за нивното чувство за стил и сите дошле до еден ист заклучок.

Неврзано за годините и за видот на работа како и парите со кои располагаат за купување, едно е сигурно, сите остануваат доследни за својот личен стил.

Еве на што треба да посветите внимание:

1. Останете верна на својот сопствен стил на облекување

Звучи едноставно но личниот стил е она што ја разликува најдобро облечената дама во просторијата од сите останати.

Тоа не се трендови ниту скапи ташни, туку облека која ја нагласува дамата која ја носи.

Овие жени имаат совршено чувство за облека која одлично им стои на нивната градба на тело, која го истакнува нивниот тен, а облеката изгледа истовремено кул и удобно и се сложува со одредената ситуација во која се наоѓаат.

2. Извадете се од орманот

Извадете ги сите парчиња и видете кои сте ги носеле најмногу, а на кои сеуште стои етикетата со цената.

Постои ли голема празнина во вашиот плакар? Потребни ли ви е нова гардероба или доволно е само да ја освежите постоечката?

Направете листа на облека која треба да ја купите или замените, додека истовремено ќе ја тргнете облеката која никогаш не сте ја облекле.

Самото правење на листа ќе ви даде конкретна идеја каков е вашиот стил и во што треба да вложите.

3. Облекувајте според својата градба

Сите сме по малку несигурни и не секој тренд е наменет за секоја градба на тело. Но не треба да бидете тажна поради нештата кои не можете да ги носите.

Уште помалку немојте да се обидете да облечете нешто што длабоко во душата знаете дека нема да ви стои.

4. Обекувајте се и според настанот на кој одите

Да бидете соодветно облечена е исто толку важно како и облекувањето според типот на градба на телото.

5. Немојте да бидете роб на трендовите

Примамливо е да се живее според трендовите, особено ако истите не се скапи.

Но исконскиот стил не е изграден според слепо следење на она што е ин или не е.

6. Испланирајте го стајлингот однапред

Најдобро е да ги правите комбинациите од вечер. Размислете каде ќе одите и какво ќе биде времето.

Факт е дека добриот стил не се случува сам по себе. Тој е резултат на добро спакувана облека и жена која се познава себе си.

Прегледи:
406
Ознаки:
· ·
Објавено на:
20.06.2016