Категории

Што ја прави поразлична мудрата жена од чувствителната жена?

Која е разликата помеѓу жената која е мудра и жена која е чувствителна?

 

-Кога партнерот ќе погреши, чувствителната жена постојано го потсетува на тоа прекорувајќи го дека не го послушал нејзиниот совет.
-Мудрата жена го подржува, пробува да го расположи, а понекогаш се однесува како и ништо да не се случило.

-Чувствителната жена превзема контрола кога има криза и го учи партнерот како правило да се однесува.
-Мудрата жена суптилно го насочува партнерот на правилниот пат и ги подржува неговите намери да ги оствари своите цели.

-Чувствителната жена секогаш ги учи децата математика затоа што верува дека без неа би стигнале потешко до патот на успехот.
-Мудрата жена знае дека секое дете е посебно и поинакво и ги поттикнува своите деца да го прават тоа што ги прави среќни.

-Чувствителната жена се обидува да биде подобра од колегите на работа и да не направи грешка, заради што многу колеги немаат доверба во неа.
-Мудрата жена се труди да создаде средина во која колегите ќе се почитуваат меѓу себе.

-Чувствителната жена ги контролира своите деца и откако ќе станат полнолетни, им дава совети дури и кога не бараат од неа и им сугерира како правилно да ги воспитуваат нивните деца.
-Мудрата жена им дава слобода на своите деца со цел да стекнат сопствени искуства и секогаш ги подржува.

-Чувствителната жена не и дозволува на свекрвата да и наредува како да постапува, се обидува да не зависи од своите родители и се бунтува кога ќе и даваат совети.
-Мудрата жена ги слуша сите совети, а потоа го прави тоа што самата смета дека е добро.

-Чувствителната жена сака да го промени светот и сите околу неа.
-Мудрата жена се обидува да се промени себе и ги прифаќа другите такви какви што се.

-Чувствителната жена мисли дека можеш да бидеш среќен само ако си во право.
-Мудрата жена знае дека си во право само кога си среќен.

Прегледи:
839
Објавено на:
09.04.2019