Категории

Што кажува за вас изборот на облека на првиот состанок?

Како да го изберете најдобриот аутфит за вашиот љубовен состанок

Потрагата по совршен стајлинг може да предизвика паника, а замислите кога тоа треба да го направите за прв дејт.. Превртен плакар, сета облека исфрлена на подот, намештајот, насекаде хаос а во вашата глава само едно нешто: „Немам што да облечам!“
Ако некако можеме да ви го олесниме тоа, тогаш ви откриваме неколку едноставни опции кои можете да ги изберете, во зависност од тоа каква реакција сакате да предизвикате.

Сукња и патики
Овој стајлинг порачува „јас сум забавна личност која ужива да гледа романтични филмови и сака се што естетски убаво“. Оваа комбинација покажува дека не сте се оптеретувале премногу во подготвувањето и веројатно е дека сте го земале при рака првото нешто што ви паднало на памет.

Фармерки и блуза со длабоко деколте
Откако сте се одлучиле за вашите најтесни фармерки и блуза со најдлабоко можно декотел, финалниот производ открива девојка која е опуштена затоа што не избрала фустан, но дефинитивно сака да привлекува внимание со своите атрибуди. Со овој аутфит откривате дека сте сексипилни и шармантни.

Макси фустан
Изборот на макси фустан открива дека имате слободен хипи дух, и кога се работи за модата сакате кога се чувствувате пријатно и удобно. Ако го искомбинирате со рамни чевли, значи дека сте лежерни и спонтани.

Мал црн фустна и штикли
Доколку не одите во најдобриот ресторан на светот, можеби малку сте претерале. Но ако ова е вашиот магичен аутфит во кој се чувствувате како модел, добро е што сте го избрале баш него. За жал, ако се одлучите повторно да го носите, ќе го уништите првиот впечаток кој сте го оставиле на првот дејт, па ете изговор да одете во шопинг.