Категории

Што ќе се случи со вашиот организам доколку 2 месеци пиете сок од домати?

Научниците собрале жени со различна возраст, тежина и потекло и им дале да пијат по една чаша (околу 250 мл) сок од домати секој ден, во период од два месеци.

Најбрзата промена била големото губење на килограми, а стручњаците нагласуваат дека не се работи за исфрлени течности, туку само за масни наслаги!

 – Тестираните жени не ги менуваа своите нормални навики во исхраната или вежбањето, а веќе после неколку дена резултатите беа видливи – велат научниците кои го спровеле овој експеримент.

Дополнително е докажано дека една чаша сок од домати дневно го зајакнува имунитетот, штити од срцеви болести, но и го намалува ризикот од развој на рак!

Покрај тоа, овој освежителен напиток помага и кај проблеми со варењето, го стимулира исфрлањето на течностите, го чува здравјето и спречува болести на мочниот меур, панкреасот, црниот дроб и белите дробови. Одличен е за кожата и блескав тен, а значително ја намалува и кашлицата, спречува анемија, ги ублажува ревматските симптоми и ја поправа крвната слика.

Како да направите домашен сок од домати?

Потребни ве се 6 килограми домати, 4 лажици шеќер и две лажици сол.

Подготовка: Добро измијте ги доматите во ладна вода. Исечкајте ги и сомелете ги, па додадете ги солта и шеќерта и ставете да се вари.

Мешајте почесто за да не загори, а кога ќе зоврие, гответе уште 10 минути со непрестано мешање. Врелиот и добро сварен домат ставете го во стерилизирани стаклени шишиња и добро затворете ги. Кога ќе се олади, ставете ги шишињата на ладно место.

Прегледи:
478
Објавено на:
01.09.2016