Категории

Што ќе се случува викендов во Кросфит Скопје?

Научете како да вежбате со сопственото тело, било каде и со било што ни е при рака, а со кое можеме да постигнеме неверојатни резултати на сопственото тело. Своето 15 годишно искуство од работата во врвниот спорт и фитнесот, Марино Башиќ ќе ви го пренесе и ќе може да научите:
– како да работите тренинг за јакост,
– како тренинг за мускулна издржливост,
– како да осмислите и програма за вежбање,
– прогресија во некои комплексни движења.

ОВОЈ СЕМИНАР Е НАМЕНЕТ ЗА:
– ако сте рекреативен вежбач кој сака да дојде во форма користејќи исклучиво сопствено тело за вежбање,
– ако често патувате и едиствен реквзит кој го имате е сопственото тело,
– ако сте фитнес тренер и ако сакате во вашите тренинзи да вметнете повеќе од згибови, склекови и стомачни,
– ако сте тренер за снага и кондиција и сакате да дознаете како со тренинг со сопствено тело да ги подобрите перформансите на своите спортисти!

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ НА СЕМИНАРОТ!
————————————————————————————
САБОТА 22 Октомври 2016 година – ЗА СИТЕ ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ!(вклучувајќи ги и членовите на КФСК)
– oсновни вежби со сопствено тело,
– тренинг за јакост,
– тренинг за мускулна издржливост.
– основи на планирање на тренинг

НЕДЕЛА 23 Октомври 2016 година – САМО ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА КРОСФИТ СКОПЈЕ!
– Стив Максвел протокол на вежбање
– напредни вежби и нивна прогресија
– програмирање на тренинзи
Пријавување за членовите на КФСК е на следниот ЛИНК

Тренер – MARINO BASIC

Ручек:
Обезбеден само за Сабота 22.10.2016, доколку Вие сакате. Учесниците слободно можат да донесат свои пијалаци и храна, но во објектот нема кујна. Во близина на објектот има неколку маркети, ресторани и кафе барови.

Паркинг:
Има бесплатен паркинг во околината на КросФит Скопје.

Објект:
КросФит Скопје има тушеви и соблекувални.

Откажување/надоместување:
Сите карти се купуваат без надоместок во случај на откажување.

Прегледи:
634
Категории:
Crossfit · Спорт
Објавено на:
21.10.2016